МЗ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови и реагенски за ковид 19
Слободен печат
Пред
Фото: Министерство за здравство
Министерството за здравство ги осудува лагите кои ги пласира партијата ВМРО ДПМНЕ и ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните. Апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови. Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во земјава дневно може да се прават 4-5000 тестови за Ковид 19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа.
Во време на пандемија, ВМРО ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема, како што тврдат тие. ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија одлучи да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии. За ВМРО ДПМНЕ „небитни” се луѓето кои се вакцинираат против ковид 19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО ДПМНЕ сака политички да профитира.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најверојатно ќе треба да почека до ноќта на 8 мај, по пребројување на гласовите од претседателските и од парламентарните избори, за конкретни одговори од ЗНАМ и од „Вреди“ дали ќе бидат дел од новиот владин кабинет ако опозициската партија победи на изборите. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber …
Периодов во Англија во тек е судски процес за невидениот скандал со британската пошта. Пред 20 години, раководители на поштите во Англија биле обвинети и осудени за кражба на пари од поштите. Од тогаш, животот на овие луѓе драстично им се менува, вклучувајќи ги и нивните семејства. Дел од овие судбини завршиле и трагично со …