Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 44 нови пациенти

Клинички центар/Фото: МИА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 44 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 441 лице сомнително и потврдено за ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало 6 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија и на ТБЦ и тројца на Клиниката за дерматологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 26 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ вкупно 30 пациент со симтоми на коронавирусот, Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 142 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.
Вкупно 441 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот