39 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 30 лица

Фото: Арбнора Мемети

За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие  по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 39 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски, евидентирани се 28 лица што ја прекршиле оваа мерка.

За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, стои во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот