„2Cellos“ повторно заедно: Сe вратија со феноменална преработка на светски хит

Instagram

Иако многумина мислеа дека е првоаприлска шега, хрватските медиуми ја пренесоа како вистинита веста за повторното обединување на дуото „2Cellos, со оглед дека беше објавена на нивните приватни инстаграм-профили и на службениот од „2Cellos“.

По подолга пауза во која беа посветени на своите соло кариери, Лука Шулиќ и Стјепан Хауасер решија повторно да засвират заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 2CELLOS (@2cellosofficial)

Така тие својот камбек го најавија со спот за обработката на „Living On A Prayer“ песната од Бон Џови, а Лука под службената објава напиша дека не е првоаприлска шега.

Оваа вест ги израдува нивните обожаватели ширум светот, кои не го криеа разочарувањето кога Шулиќ и Хаусер решија да се разделат.

Тоа време Лука го искористи за своето семејство кое неодамна се зголеми за уште еден член, па сега со сопругата Тамара имаат три деца. Од друга страна Стјепан уживаше во момчешкиот живот со атрактивни девојки, а моментално е на Малдивите со анонимна русокоса девојка, и од таму ја објави оваа вест која беше дочекана со воодушевување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот