Џенифер Лопез не може да го дочека Супер Боул: Погледнете како се подготвува (ВИДЕО)

На овогодишниот Супер Боул ќе има голема доза на латино енергија, бидејќи на полувремето ќе настапат ѕвездите Џенифер Лопез и Шакира.

Популарната Џеј Ло (50) на Инстаграм објави снимка од подготовките за настапот на Супер Боул.

Обожавателите можат да ја видат Џенифер со рацете на земја како „чека знак“ за да започне со својот настап. Набргу потоа, таа наеднаш станува и почнува да игра.

– Стојам овде на почетната линија и чекам знак за почеток – вели Џенифер во клипот.

Пејачката неколку секунди се движи, за на крај да седне на тревата и да го чека својот момент кога треба да заблеска.

Двете латино диви, Џеј Ло и Шакира, за првпат во своите кариери ќе настапат заедно и токму поради тоа ветуваат спектакл.

Кога Џенифер објави дека токму тие две ќе настапат заедно на Супер Боул, истакна дека е горда на организаторите што за ова шоу одбрале две моќни латино жени, пренесува Мирор.

 Мислам дека организаторите навистина сакаа да испратат силна порака и многу сум среќна што сум дел од проектот кој ги поддржува жените и разновидноста – истакна Џенифер.

Популарната пејачка и актерка во изминативе неколку месеци доби неколку номинации за својата улога во филмот „Hustlers“, па слободно може да се каже дека 2020 година започна одлично за Џеј Ло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот