ВИДЕОАНКЕТА: За или против повторно воведување веронаука во државните училишта фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА: За или против повторно воведување веронаука во државните училишта

Повторно се отвора дебатата околу воведувањето веронаука во државните училишта.
Комисијата за односи со верските заедници предложи верското образование да стане дел од задолжителната наставна програма – од прво одделение, па сè до крајот на средното образование.

Но, што мислат граѓаните? Дали се за или против повторно воведување веронаука во државните училишта?

Еден постар господин смета дека веронауката треба да се врати:

„Мора младите спиритуално да се развиваат и да се надградуваат.“

„Убаво е едукација да имаат младите во секој случај“ – одговори една госпоѓа со сличен став.

Друг соговорник додаде:

„Да, затоа што сите ја заборавија верата сопствена, кој, што, како… си прават некои нови верувања.“

Неколкумина од анкетираните гледаат во тоа како еден начин младите да се поврзат со вредностите и традиција:

„Јас сум за. Затоа што децата треба да знаат повеќе околу тоа прашање, а помалку околу тие другите работи за кои сум против.“

„Немам одредено мислење. Тој што смета дека сака да го учи тоа, може да го учи“ – додаде една девојка.

Други го гледаат предметот како можност за учење општи човечки вредности:

Дали веронауката треба да биде задолжителна или изборна?

На ова прашање речиси сите соговорници беа согласни, веронауката треба да биде изборна, не задолжителна.

„Изборна дефинитивно. Децата се преоптоварени во образовниот процес, а сега да им го ставиш како задолжителен предмет – премногу е“ – одговори еден господин.

„Не треба да биде задолжителна, може да биде и изборна, и секој нормален родител би го избрал тој предмет.“

„Не би сакал да наметнувам дека треба некој задолжително да биде насочен“ – додаде еден случаен минувач.

Објаснувањето на повеќето е дека предметот може да има вредносна и воспитна улога, но без да се наруши принципот на слобода на вера и избор.

Дали граѓаните мислат дека Уставниот суд пак би ја укинал веронауката ако се воведе?

„Ќе каже времето“ – рече една жена.

„Ќе ја укине. Да не се наметнува, како да кажам, со присилба некој да верува во нешто“ – одговори еден маж.

„Нема да се воведе, јас мислам. Тие тераат други агенди.“

Што е поважно според нив – етичко или верско образование?

Иако темата беше контроверзна, повеќето соговорници се согласија дека етичкото образование е еднакво или дури и поважно.

„И тоа и тоа.“
„Етичко.“
„Етичко дефинитивно.“

Какво влијание би имала веронауката врз младите?

Некои веруваат дека може да помогне младите подобро да ги разберат своите корени и вредности:

„Можеби би се образовале многу повеќе за веронауката и би знаеле повеќе за тоа, би биле повеќе едуцирани кога би биле повозрасни“ – објасни еден господин.

Една госпоѓа додаде:

„Па, прво треба да знаат од каде потекнуваат. Самите ќе одлучат во што да веруваат, а во што не.“

Поголемиот дел сметаат дека предметот треба да биде изборен за да се почитува различноста на верувања и секуларноста на образовниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот