14-годишниот актер е пронајден мртов во својот дом! (ВИДЕО)

Facebook

Светот го вознемири смртта на младиот актер, 14-годишниот Џек Брнс кој почина на почетокот на декември, а причината сè уште не е позната. Телото на Џек го пронашле во неговиот дом во Гриноук, но полицијата смета дека не се работи за сомнителна смрт. Како што пишуваат американските медиуми, погребот на младиот актер ќе биде во вторник.

„Со голема тага јавуваме дека на 1 декември трагично нè напушти нашиот ученик Џек Брнс. Џек беше инспирација на сите со кои работеше и влезе во срцата на сите членови од нашата академија. Сите сме потполно скршени и во потрага по одговори“, стои на службената страница на академијата за танц „Elite“, во која актерот учел од 2014 година.

Младиот глумец бил познат по својата умешност во танцувањето поради што го нарекувале новиот Били Елиот. Џек станал популарен по улогата во серијата на Netflix „Outlander“, а исто така играл рагби и фудбал, а заработувал и како модел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот