Израел гаѓаше воени цели во Сирија, Сиријците истрелаа ракети кон Голанската висорамнина

Фото:: Архива

Утрово израелски воени авиони извршија воздушни напади врз воени цели во Сирија како одговор на рекетирањето во текот на ноќта на териториите под контрола на Израел, соопшти израелската армија.

Државните медиуми во Сирија објавија експлозии во близина на главниот град Дамаск, а израелски воени извори потврдија дека биле извршени напади врз сириски артилериски батерии и фрлачи на беспилотни летала, како и врз други сириски воени позиции и воени радарски системи, пренесува Ројтерс.

Во официјалното соопштение за печатот на израелската армија беше наведено дека „израелската армија ја смета државата Сирија за одговорна за сите активности што се случуваат на нејзина територија и нема да дозволи никакви обиди за нарушување на израелскиот суверенитет“ јавија медиумите.

Сириското Министерство за одбрана соопшти дека сириската противвоздушна одбрана одговорила на израелските напади и пресретнала неколку израелски ракети.

Во соопштението се наведува дека по израелските ракетни напади нема пријавени човечки жртви, но дека е причинета материјална штета.

Инаку предходно шест ракети беа лансирани вчера од јужна Сирија врз цели на Голанската висорамнина во два одвоени напади во рок од два часа една од друга.

Израелската армија соопшти дека на територијата на Израел паднале три ракетни проектили и дека по вториот сириски ракетен напад, израелската армија возвратила со артилериски оган и напади со беспилотни летала врз ракетните фрлачи кои биле користени во нападот од Сирија, пишува Јерусалим пост.

Подоцна, израелските и сириските медиуми објавија дека Израел извршил дополнителни воздушни напади врз цели во близина на главниот град Дамаск.

Израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ не бил користен бидејќи проектилите биле насочени кон ненаселена област, соопшти израелската војска.

Голанската висорамнина е спорна територија која е поделена на три сектори, едниот под контрола на Сирија, вториот под контрола на Израел, а третиот патролиран од силите на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот