1 МФЛ: Дербито во Тетово без победник

фото: ФК Шкендија

Дуелот на водечките екипи во првата фудбалска лига помеѓу Шкендија и Шкупи заврши без победник 1:1 по што тетовчани останаа лидери на табелата, додека Шкупи падна за една позиција и сега е третопласиран.

На дерби натпреварот кој се играше во Тетово, домашниот тим поведе во судиското продолжение во првото полувреме и тоа преку новиот бисер на Шкендија, Дашмир Елези кој својот 16. роденден го прослави со гол. Младиот фудбалер го искористи центаршутот од левата страна и без проблеми го совлада голманот на Шкупи, Иљази.

Гостите успеаја да израмнат на стартот од второто полувреме, во 52. минута и тоа преку Адеми кој прецизно шутираше со глава по добро изведениот корнер. Шкендија остана лидер на табелата со 26 бода, додека Шкупи има два помалку.

Ремито на Шкупи го искористи Македонија ЃП која со 1:3 славеше на гостувањето кај Работнички и се искачи на втората позиција на табелата.
Победата на „лавовите“ ја најави Филип Петров со голот во осмата минута, а 15. минути подоцна Адем зголеми на 0:2 по успешно изведениот пенал. Надежите на Работнички дека ќе може да дојде до поволен резултат се вратија во 33. минута окга Адем си постигна автогол, но сите дилеми околу победникот беа решени на стартот од второто полувреме, поточно во 52. минута кога Фернандо Аугусто го постави конечниот резултат.
Резултати:
Академија Пандев – Пелистер 3:2
Работнички – Македонија ЃП 1:3
Шкендија – Шкупи 1:1
Силекс – Беласица 0:1
Струга Трим Лум – Ренова 1:0.
ВЧЕРА: Борец – Вардар 0:2.

Табела: Шкендија 26 бода, Македонија ЃП 25, Шкупи 24, Борец 19, Струга Трим Лум 19, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Академија Пандев 10, Ренова 8, Беласица 8.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот