Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз ги завршија настапите во ЕХФ Купот. Битолчани во последното 6. коло во рамките на Б групата загубија со 30:27 на гостувањето кај Ѓер.
За разлика од првиот натпревар во Битола кој унгарскиот тим победи со убедливи 10 голови предност (31:21), овој пат ракометарите на Еурофарм одиграа далеку поквалитетно и 40 минути беа рамноправен противник но немаа доволно сили за да дојдат до поволен резултат.
Владислав Осторушко со девет голови беше најефикасен во тимот на Еурофарм, а по четири голови постигнаа Маркоски, Кузмановски, Граџан и Ѓукиќ.
Во шест натпревари во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник оствари учинок од една победа и тоа над Нексе (29:28) и пет порази со кои го освои последното четврто место во Б групата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 228, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.4.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – интервју со Славица Јанешлиева за нејзиниот проект во македонскиот павилјон на 60. Уметничко биенале во Венеција: Аспекти на …
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …