Ѕвездата на „Stranger Things“ не се откажа од сонот: Немавме пари ни за гориво, поминавме тешки моменти, мислев дека тоа е мојот крај

Една од најпопуларните млади актерки на денешницата, која се прослави со серијата „Stranger Things“, 16-годишната Мили Боби Браун ги опишува своите скромни почетоци пред да стане светски позната ѕвезда.

Сцени од серијата „Stranger Things“

Британската актерка Мили беше гостинка во шоуто на „BBC“ каде откри дека нејзиниот татко Роберт ја возел на аудиции за глума низ целиот Лос Анџелес но само на оние за кои го имала научено целиот текст затоа што во тоа време немале доволно пари за гориво.

Мили раскажа за тешката егзистенцијална борба со која се соочило нејзиното семејство.

Мили Боби Браун / EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Се возевме по 45 минути секој ден, јадев само јаткасти плодови, бев нервозна и исплашена. На аудициите зборував со полн американски акцент затоа што на тој начин имав поголеми шанси да ја добијам улогата. Носев обични шорцеви, маички во риги без лого, не се шминкав и така бев облечена секој ден. Немавме доволно пари за гориво, па татко ми не ме возеше на аудиција ако не ја знаев секоја реченица напамет“,  изјави Мили.

Дел од екипата на „Stranger Things“ / Instagram

Како највозбудлив момент во нејзината кариера, ја наведе средбата со поранешниот американски претседател Барак Обама.

„Мислам дека никогаш не сум се погледнала во огледало и да си помислам дека сега сум славна“, признава Мили.

Покрај сето тоа, Мили имала здравствени проблеми уште од раѓање. Имено, лекарите не успеале да ѝ го спасат слухот на едното уво. Но, тоа не ја спречило да стигне до местото каде што е денес!

Никогаш не посетувала курсеви за пеење или глума, а денес е меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот!

Мили Боби Браун / Instagram

Нејзините родители верувале во неа и еден ден решиле да продадат сѐ за да се преселат со неа и другите две деца од Велика Британија во Холивуд.

Мили за многу кратко почнала да добива помали споредни улоги во популарни серии како „Modern Family“ или „Grey’s Anatomy“, но никако не успевала да дојде до главна улога.

„Пролеавме многу солзи, поминавме навистина тешки моменти и бев очајна. Не можев да добијам ниту една улога и мислев дека тоа е мојот крај“, изјави Мили.

Мили во улога на „Eleven“ во „Stranger Things“ / Instagram

Заради тешката финансиска состојба, родителите веќе не можеле да ја поддржуваат Мили во остварувањето на нејзиниот голем актерски сон. И затоа семејството Браун решило да се врати дома.

Тие биле толку сиромашни што не можеле да си дозволат да живеат во сопствениот стан, па се вселиле кај тетката на Мили.

Мили Боби Браун / Instagram

И покрај тешката ситуација, Мили не сакала да се откаже од своите соништа и решила да оди на сите можни аудиции. А токму една од нив и го променила животот засекогаш!

Аудицијата на која едвај успеала да се појави, го погледнала агентот право во очи и веднаш почнала да плаче бидејќи една од задачите на таа аудиција било токму плачењето.

Тоа било аудицијата за серијата „Stranger Things“ што младата актерка ја однесе на самиот врв!

Мили Боби Браун во нејзиниот најнов проект во улога на „Elona Holmes“ / Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот