Зорица Брунцлик не планира да ја промени својата автентична фризура, а има и добра причина зошто!

Instagram

Зорица Брунцлик и тоа како е препознатлива поради специфичната боја на коса. Пејачката истакна дека не ни помислува на тоа да ја промени косата, а открила и дека има добра причина за тоа.

„Не, сигурно! Ниту еден момент не помислив да ја променам, затоа што сум оргинална, автентична и единствена, тоа е сосема доволно да останам до крајот на животот“, истакнала таа во „Премиера“.

Инаку, што се однесува до Зорица, проблем со суетата имаат само оние естрадни уметници кои не се задоволни со своите достигнувања.

„Мислам дека само успешните луѓе не се суетни и тоа нема врска колкава ѕвезда е некој или не е… Можете да бидете остварени, зависи со што сте задоволни“, рекла таа, па додала дека младите колеги не ја прашуваат за совет, туку дека е обратна ситуацијата.

View this post on Instagram

???????

A post shared by Zorica Brunclik (@zoricabrunclik_official) on

„Тие сите се родиле со факултет! Ја нив ги прашувам за совет, искрено кажано, како да ја одржам линијата…“

Пејачка исто така открила дека спрема внуката е повеќе попустлива.

„Ни се качува на глава, значи се е да, ништо не е не“, заклучила Зорица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот