Зоран Рајчин, Душко Кикеновски и Арјис Асани добија награди за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител

Фото: Слободен печат

Традиционално, како и секоја година, Град Скопје им додели признанија на најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител.

Пожарникарот-спасител Зоран Рајчин, во знак на благодарност за посветената работа и пожртвуваност ја доби наградата за најдобар пожарникар за 2019 година.Тој има 26 годишно искуство, и бил во многу акции за гаснење пожари и спасување.

Наградата за најдобар полицаец отиде во рацете на Душко Кикеновски од полициската станица Центар. Тој полициската униформа ја носи четири години, период во кој многу пати спречил престапници во извршување на кривични дела.

Крводарителот Арјис Асани 218 пати дарувал крв. Во чест на тоа градоначалникот Петре Шилегов денеска му додели благодарница, и повика неговото хумано дело да го следат и останатите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот