Златни можности за вашите пари

преземена од страницата на Халк Банка

Колку често сте во недоумица околу користењето на бенефитите од вашите платежни картички? Ние ви истакнуваме три поволности на кои треба да обрнете внимание при избор на вашата платежна картичка и начинот на кој истата ќе ја користите.

  • Кредитен лимит

Висината на максималниот кредитниот лимит е она што ја одредува флексибилноста на имателот на картичката. Поголем кредитен лимит = поголема куповна моќ за корисникот. Флексибилноста произлегува од моментот дека корисникот на картичката може самиот да одредува колкава сума во рамки на лимитот ќе искористи. Единственото ограничување е минималниот месечен износ кој имателот на картичката мора да го подмирува секој месец. Златната картичка на Халкбанк е со кредитен лимит до 600.000 мкд. Истата е без ограничување на лимитот во бројот на плати, а се добива без жиранти, без административна забрана од плата и трошоци за одобрување.

  • Месечен износ за враќање на средства

Се поставува прашањето колкав процент од искористените средства треба да се уплатат на месечно ниво?

Во широката понуда на пазарот, најдобрите понуди се оние со минимален месечен износ за враќање на средства, а висок кредитен лимит и висока наградна стапка. Златната картичка на Халкбанк е со кредитен лимит до 600.000 мкд и минимален месечен износ за враќање на средствата од само 3% кој понатаму може повторно да се користи. Всушност располагате со еден вид на револвинг кредитен лимит кој сами го управувате.

  • Бонус поени

Кредитните картички се направени така што овозможуваат корисниците да заработат поени или средства преку трошењето токму со таа картичка. Некои од овие бодови се однесуваат на одредена категорија на трошење. На пример, има бонус поени за одредени ресторани, продавници или доколку полните гориво.  Собраните поени може да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк АД Скопје, при што 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

Кредитните картички најчесто ги уживаат оние купувачи што се „дисциплинирани“, односно имаат природна способност да ги менаџираат своите средства. И тоа најчесто во временска рамка без надминување лимити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот