„Златна рака“ во Чаир по мотото „Ако имаш дај, ако немаш земи“

„Златна рака“ се одвива во Чаир под мотото „Ако имаш дај, ако немаш земи“. Целта е граѓаните кога купуваат храна за дома, некој од производите да го донираат за сиромашните.

Причината за оваа акција е Рамазан и кризата од Ковид-19, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Менсур Красниќи од „Златна рака“

-Полицата на милосрдието е идеја која овозможува да се донира или да се придонесе за сиромашните, да помогне секој, а не само некој со добар финансиски статус. Секој муштерија кој може да купи некој производ за своето семејство, може да донира во оваа кошница или полица по некој продукт и да се солидаризира со сиромашните. Акцијата се одвива во уште десет дуќани и вклучени и се пиљарите, вели Менсур Красниќи од „Златна Рака“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот