„ЗЛАТНА ПРИКАЗНА“: Пред 35 години Трстена стана најмладиот олимписки шампион!

facebook.com/shaban.trstena.56

Пред 35 години легендата на македонското борење, Трстена го освои првиот олимписки златен медал, односно стана најмлад олимписки шампион. Во категоријата до 52 килограми го совлада натпреварувачот од Јужна Кореја, Ким Јонг-кју (4:0).

На европскиот шампионат во 1984 година исто така го освои златниот медал совладувајќи го светскиот шампион Валентин Јорданов од Бугарија.

Од независноста, Македонија на Летните олимписки игри досега има само еден медал, а тој доаѓа токму од борењето, односно во 2000 година во Сиднеј со бронза се закити Могамед Ибрагимов во категоријата слободен стил (85 кг.)

– Дали е можно да ја заборавам оваа моја приказна, денес, пред 35 години, беше освоен првиот олимписки златен медал во Лос Анџелес 1984 година, но и од тој моментот кога триумфално ја подигнав мојата златна рака. Ова беа првите моменти и секунди, голема радост за мојата спортска душа и моето семејство. Од голем радост правев акробатско салто и возбудлив салто скок, како најмлад олимписки шампион во историјата на Олимписките игри. Во ова убаво прекрасно утро од денес, кога евоцирам спомени од моето спортско минато, и градам доверба во себе и разбирам дека животот е всушност патување со различни предизвици, речиси на сите нас. На млада возраст сонуваме да станеме истакнати личности, да постигнеме светска слава, да станеме славна личност.

facebook.com/shaban.trstena.56

Како прво, му се заблагодарувам на мојот голем Бог, што јас, за среќа, го остварив мојот сон. Поминаа 35 години откако станав најмлад олимписки шампион. Беше многу тешко морав да минам низ многу битки и бариери, морав да бобедам 7 светски борачи. Затоа, во овој момент денес пред 35 години, јас сум еден од најсреќните спортисти во светот. Целиот успех дојде затоа што имав волја и самодоверба во себе да тренирам многу напорно, во секој час, ден и ноќ, подготвен за долги и напорни патувања. Во тој момент мојот спортски живот не е завршуваше. Јас бев млад и сe уште имав долг пат пред мене, да одам и да освојам уште многу медали. Ветено – сторено од мојата страна ! Четири години подоцна, на Олимпијада во Сеул во 1988 година, повторно блеснав во финалето и се качив на пиедесталот, овој пат, за жал, поради повредата не мојата нога го освоив сребрениот медал. За мене тоа беше голема радост, затоа што победив 6-мина најдобри ѕвезди на светското борење од најсилните нации во овој спорт, како Русија, Иран, Бугарија, Америка, Турција. Тоа беше борба за живот, бидејќи секоја секунда и минута се боревме за олимпиското финале… Браво и честитам Шабан..! –

(фејсбук статус на авторот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот