Зимскиот Мундијал во Катар ќе донесе „луд“ распоред на натпревари во лигите

За прв пат в историјата Светското првенство во фудбал нема да се одржи на лето/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Светското првенство кое ќе се одржи во Катар идната година, ќе донесе големи промени во календарот на сите фудбалски лиги, како и во Лигата на шампионите.

На средбата на премиерлигашите која се одржа денеска, предложено е следната сезона да се прекине по викендот на 12 ноември и да продолжи на 26 декември 2022 година.

Исто така се очекува сезоната да започне една недела порано од вообичаениот термин (6 август) и да заврши една недела подоцна (28 мај). Промени ќе има и во распоредот во Лигата на шампионите, каде финалето би се играло во јуни. Големи промени се очекуваат и во останатите лиги не само во Европа туку и низ целиот свет.

Светското првенство во Катар ќе биде прво кое ќе се игра во зима, поточно од 21 ноември до 18 декември 2022 година, а ФИФА веќе одреди дека играчите мора да бидат ослободени од клупските обврски до 14 ноември.

Мундијалот во Катар ќе се одржи во зима бидејќи во лето температурите во оваа држава изнесуваат и до 50 степени целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот