Зима на крајот на јуни: Снег ги изненади жителите на мало гратче во Русија (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Instagram

Во рускиот град Анадир, во Чутотка, локалното население го изненади снег.

Многумина на социјалните мрежи покажаа дека зимата се вратила во овие краишта.

Иако во бројни населени места снег паднал едвај неколку сантиметри, властите на Анадир одлучија повторно да ги снабдат граѓаните со греење зошто температурите значително се спуштиле, а се очекува временските прилики да бидат неповолни и во наредните денови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот