Зибери: Изборот за Народен правобранител не е компензација за мојот ангажман во ДУИ

Насер Зибери, Народен правобранител / фото: „Слободен печат“

Новозибраниот Народен правобранител, Насер Зибер, во интервју за „Радио Слободна Европа“, вели оти тоа што бил кандидат за премиер на ДУИ, не е никаква компензација за новата функција која сега ја доби. 

-Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите – вели Зибери.

Зибери ги отфрли и тврдењата е „правобранител на ДУИ“ и дека тешко ќе може да се очекува тој да биде против нивните функционери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот