Зибери: Досега партиите се помагаа неформално, Заев покажа доблест за концептот едно општество за сите

Мислам дека тоа е продолжување на идеата на СДСМ и пред сè на Зоран Заев, за создавање на амбиент или општество за сите и тој концепт подразбира една посериозна, формална соработка помеѓу политички субјекти од различна етничка, политичка, социјална провиниенција, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, политичкиот аналитичар, Насер Зибери.

-Оттука сметам дека ова е еден сериозен чекор напред во развивањето на тој концепт каде што разликите по било кој основ нема да бидат основ за градење на едно општество за сите- изјави во политичкиот аналитичар, Насер Зибери, околу неговата проценка за иницијатива (без преседан) на македонската политичка сцена во изминативе 30 години – да се направи една предизборна македонско-албанска коалиција.

Во минатото, вели Зибери, ние сме имале соработка и тоа сериозна помеѓу политичките партии, но тоа повеќе било „underground“, не траснспарентно, неформално.

-Сметам дека ова е многу поразлично од причина што однапред граѓаните знаат на што се. Не се прави скришно од јавноста. Не се помагаат партиите надвор од она што е јавност, туку напротив чесно, создаваат платформа/декларација, на кои основи ќе делува таа коалиција- вели Зибери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот