Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

Жоао Кансело оди на позајмица до јуни во Барселона

Како што пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на социјалните мрежи, Жоао Кансело наскоро ќе го облече дресот на Барселона.

Изворот вели дека 31-годишниот португалски одбранбен играч, кој моментно ги брани боите на Ал Хилал од Саудиска Арабија, ќе оди на позајмица во Барса до јуни.

Каталонците за позајмицата на искусниот дефанзивец ќе платат четири милиони евра.

И покрај тоа што милански Интер наводно имаше договор со Ал Хилал, Жоао ја сакаше само Барселона.

Кансело веќе има настапи за Барселона во својата кариера, позајмен од Манчестер сити во периодот 2023-2024.

Со „граѓаните“ успеа трипати да ја освои Премиер лигата, а по еднаш ФА купот и Лига купот.

Со Јувентус во сезоната 2018-2019 беше шампион на Италија, а дојде и до пехарот во националниот Суперкуп. Беше шампион на Португалија во 2014, а во 2023 година со Баерн Минхен се искачи на врвот во Бундес лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот