Жителите на Турско Рудари со апел до надлежните: Не ни ја земајте водата!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Не ни ја земајте водата и не ни ја уништувајте вековната традиција за производство на овошје и градинарски култури, побараа на средбата со надлежните во Министерството за животна средина и просторно планирање претставници на месната заедница од пробиштипското село Турско Рудари, каде неодамна почна изградба на мала хидроцентрала на реката Шталковица.

Мала хидроцентрала ќе ги голтне и водата и водоводот

На средбата со претставници на Секторот за води при Министерството, надлежен за издавање на дозволи за изградба на мали хидроцентрали тие им го соопштија ставот на локалното население против изградбата на мала хидроцентрала на Шталковичка река, единствен извор на вода за пиење и за наводнување на нивите и на бавчите.

Жителите на Турско Рудари бараат средба со надлежните: Не може на нашите ниви да произведуваат струја

– Пет века долгата традиција на одгледување на земјоделски култури од кои преживуваат жителите на Турско Рудари ќе се уништи ако рекичката, која и онака едвај ги задоволува нашите потреби, ја стават во цевки долги два ипол километра, рече Јаким Јовановски, претставник на селото кој нагласи дека без вода нема да има ниту живот во селото.

Жителите на Турско Рудари тврдат дека не знаеле дека некој донел одлука да се зафати и затвори во цевки нивната река и дека никој за ништо не ги прашал.

Концесијата на Мала Река кај Градче е дадена без да ги прашаат граѓаните

На средбата зеле учество и граѓански активисти од Кочани, кои бараат да не се гради мала хидроцентрала на Мала Река кај акумулацијата Градче, исто така аргументирајќи дека тој зафат трајно ќе ја уништи реката, нејзиниот жив свет и околината, а ќе ја загрози и акумулацијата Градче. Тие, исто така, тврдат дека јавноста не била уредно информирана ниту биле консултирани при носењето на одлуката за изградба на хидроцентралата.

За двете хидроцентрали концесијата ја има ДИС енергија од Скопје. Тие за Слободен Печат изјавија дека ќе ги градат двете хидроцентрали бидејќи ги имаат сите потребни документи и дека се работи за многу профитабилен бизнис.

Пробиштипското село Турско Рудари на нозе: Жителите на протест против изградба на мини хидроцентрала

ВИДЕО: Жителите на Турско Рудари го блокираа локалниот пат: Ни ја земаат водата што за нас значи живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот