Пробиштипското село Турско Рудари на нозе: Жителите на протест против изградба на мини хидроцентрала

Фото: mia.mk

Жителите на пробиштипското село Турско Рудари попладнево излегоа на протест и го блокираа локалниот пат кој води до местото каде ќе се гради мини хидроцентралата. Претседателот на месната заедница, Љупчо Стојанов вели дека протестот бил мирен и целта е да изразат незадоволство, бидејќи сметаат дека со изградбата и ставање на реката во цевковод ќе се уништи вегетацијата, живот свет, но и околу пет хекатри плодно земјоделско земјиште ќе остане без наводнување.

На дел од потегот каде ќе се гради мини хидроцентралата поминува и нивниот водовод. Јаким Јовановски, жител на селото Турско Рудари, вели дека овој водовод самите го граделе и инвестирале во него. Стравуваат и дека ќе останат без вода за пиење.

Градоначалникот Драган Анастасов вели дека компанијата „ДИС енергија ДОО“ ја има добиено концесијата во 2016 година, а целата постапка околу документацијата е завршена, па им недостасува само градежната дозвола од Општината. Според целата постапка, тие како Општина смета дека се ставени пред свршен чин за издавање на градежна дозвола.

Претставниците од компанијата „ДИС енергија“ на вчерашната средба со жителите на Турско Рудари ветија дека ќе се почитуваат сите законски одредби и нема ништо да биде загрозено.

Истата компанија стои и зад хидоцентралата на Мала река кај езерото Гратче. Невладините организации обединети во „Одбор за здрав живот“ во Кочани веќе почнаа со иницијатива за спречување на изградбата на оваа хидроцентрала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот