-2 C
Скопје

Мала хидроцентрала ќе ги голтне и водата и водоводот

Никој не ни кажал дека на нашата река ќе се гради мала хидроцентрала додека не дојдоа да колчат и да сечат шума и никој никогаш не нѐ прашал дали сме согласни да биде уништена реката, но и селскиот водовод што сами сме го граделе. Вака ја раскажуваат својата мака жителите на малото село Турско Рудари во Општина Пробиштип, кои пред само неколку месеци дознаа дека на нивната рекичка ќе се прави хидроцентрала, а реката ќе заврши во два километра долгите цевки.

Инвеститорот „ДИС Еверџи“ од Скопје деновиве почна со подготвителните градежни зафати во атарот на нивното село, иако уште нема градежна дозвола од Општината.

– Се вратив од странство, изградив куќа и место да уживам во селскиот живот, јас сега се обидувам да ја барам правдата и со соселаните да ја одбраниме реката – вели Ненад Лазаревски, жител на селото.

Најавена блокада на локалниот пат

Тој и мештаните најавија дека ќе го блокираат локалниот пат што води кон локацијата на идната хидроцентрала поради отпочнувањето на градежните работи на изградбата на машинската сала каде што треба да биде турбината.

Прочитајте и...  Како се хранат на докторите ширум светот: Што јаде еден епидемиолог, онколог или уролог?

 – Имаме ретка природна убавина, реката Шталковица е мала, но живописна, со слапови, водопади и камени кади, кои беа посетувани и од селаните и од другите граѓани. Сега сето тоа ќе го снема, бидејќи водата ќе оди во цевки – велат жителите на Рудари.

Селаните се загрижени, бидејќи градежните зафати ќе се одвиваат и врз трасата на селскиот водовод кој пред неколку децении го граделе самите жители на Рудари.

Инвеститорот, пак, фирмата „ДИС Енерџи“ ДОО Скопје, не сакал да разговара со претставници на селото, кои се обиделе да му објаснат дека градежните зафати на малата хидроцентрала ќе го оштетат селскиот водовод и ќе го прекинат или загрозат водоснабдувањето на селото, односно нивното право на чиста вода за пиење.

Жителите на малото село Турско Рудари во Општина Пробиштип мака мачат со инвеститорот

– Општина Пробиштип во 2017 година дала негативно мислење за изградбата на малата хидроцентрала и ние мислевме дека со таа работа е завршено, сѐ до лани кога јас како градоначалник првпат дознав дека таа сепак ќе се гради и дека инвеститорот во меѓувреме си ги обезбедил сите потребни дозволи – вели Драган Анастасов, градоначалник на Пробиштип.

Прочитајте и...  Бабиш: Чешка може да започне со употреба на руската вакцина без одобрение од ЕМА

Бидејќи во тоа време Министерството за животна средина организирало јавни расправи за прогласувањето на Осоговските Планини за заштитено подрачје, тој отворено прашал како мислат да ја заштитат Осоговијата кога се дозволуваат вакви штетни проекти на најчистите реки и во најубавите предели на планината, но оттаму не добил конкретен одговор. Анастасов за „Слободен печат“ изјави дека е против изградбата на овој проект во време кога тие вложуваат вонредни напори да го заживеат туризмот во тој крај.

И Општина Кочани против, ДИС Енерџи „си тера“

– Општина Пробиштип досега не му издала градежна дозвола на „ДИС Енерџи“, но разочаран сум што државните институции го игнорирале мислењето на локалната власт и на месното население – вели Анастасов и признава дека им се врзани рацете зашто инвеститорот ги има сите потребни документи за да почне со изградба на малата ХЕЦ.

„Слободен печат“ се обиде да стапи во контакт со инвеститорот, но сите пребарувања на интернет не вродија со плод, бидејќи „ДИС Енерџи“ нема ни своја веб-страница, ниту се појавува како деловен субјект под тоа име.

Прочитајте и...  Проф. Пановска-Димкова: Коцарев опасно манипулира и не ги поткрепува своите зборови со докази

Оваа компанија е концесионер на уште една мала хидроцентрала, онаа на Мала Река, Кочанско, под Пониква, во непосредна близина на акумулацијата Гратче, на падините на Осоговските Планини, кои лани беа прогласени за заштитено подрачје.

Изградбата на таа хидроцентрала Општина Кочани се обиде да ја запре, која исто така даде негативно мислење за изградбата, но од Министерството за животна средина беше одговорено дека претходниот состав на Општината веќе дал позитивно мислење.

Таков документ, меѓутоа, немало во општинските архиви. Изградбата на Мала Река веќе со месеци се обидуваат да ја запрат и еко-активисти од Кочани.

ФОТО+ВИДЕО: Матни игри со песокта од Пчиња

Мали хидроцентрали навалија на Шар Планина

Ако малите хидроцентрали не се спорни за државата, не се ни за МПЦ!

ВИДЕО+ФОТО: Малата хидроцентрала предизвика еколошка катастрофа во кичевска Белица, реагираат жителите

Малите хидроцентрали се смрт за реките и за водоснабдувањето

РЕПОРТАЖА Лешница, бисерот на Шар Планина, загрозена од малите хидроцентрали и од несовесните посетители

WWF: Мини хидроцентралите не се ефикасни, сите губиме градејќи ги

Поврзани вести

ВИДЕО | Израел повторно ја гранатира Сирија

Слободен печат

Мицкоски со критики до власта: Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран новозаболени

Слободен печат

Утре започнува пописот на дијаспората

Слободен печат

Од почетокот на пандемијата, повеќе од илјада луѓе починаа во Црна Гора

Слободен печат

ВИДЕО | Километарска колона камиони на граничниот премин Богородица

Слободен печат

Кина се повеќе економски јакне: Ќе падне ли САД од тронот до 2035 година?

Слободен печат

Остави Коментар