Жителите на Нови Санзхари со камења ги пречекаа евакуираните од Вухан

Фото: STR / AFP / Profimedia

Пристигнувањето на првата група на евакуирани државјани на оваа земја од кинески Вухан предизвика насилства и судири со полицијата. Имено, во градот Нови Санзхари, жителите се спротиставиле со одлуката на властите да ги вратат овие луѓе во Украина, главно поради страв од вирусот, и при нивното пристигале фрлале камења кон автобусите и се судриле со полицијата.

Властите во Украина информираа дека 45 државјани од нивната земја и 25 странци, патувале со авионот кој евакуираше луѓе од Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Кина.

Претседателот Владимир Зеленски вчера на Фејсбук напиша дека авионот ќе слета во Киев, а потоа ќе продолжи во Каркив, што е негова последна дестинација. Оттаму, со автобуси, евакуираните ќе се пренесат во медицинскиот центар Нови Санзхари, во 14 дневен карантин.

Како што информираат медиумите, евакуираните, кои биле придружувани од силно полициско обезбедување се пренесени до Нови Санзхари, додека насобраните луѓе со камења фрлале по автобусите во кои се возеле.

Познато е дека еден цивил и девет полицајци се повредени, додека 24 демонстранти се приведени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот