Жителите на Кисела Вода по 35 години пак можат да гледаат филмови во општинско кино

Фото: Општина Кисела Вода

После долги години откако општините останаа без кино, жителите на Кисела Вода повторно, после 35 години, ќе имаат можност да одат на проекции во општинско кино. Деновиве во присуство на бројни гости и во свечена атмосфера во Домот на културата „Билјана Беличанец“ беше отворено киното „Киноверзум“, кое всушност се наоѓа на истата локација каде се наоѓаше старото кино.

Со нов дух и нова енергија, ги отвораме вратите на она што започна како визија на поранешната, сега за жал покојна градоначалничка Билјана Беличанец. Ова беше нејзиниот сон кој успеавме да го оствариме. Во изминативе две години јас и мојот тим сме силно насочени кон повторното издигнување на културниот живот во нашата општина. Со бројни проекти, го олеснивме пристапот на граѓаните до културните сцени и збиднувања, давајќи им можност и на уметниците за експресија на нивниот креативен потенција, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Според него, обновувањето на Домот на култура „Билјана Беличанец“ и отворањето на кино во Кисела Вода после 35 години се вистинска илустрација за олеснувањето на патот до културната сцена, но и за создавањето на нови платформи за уметниците каде што ќе можат да го споделат својот уметнички израз.

Ѓорѓиевски најави дека покрај проекциите на најновите светски достигнувања од филмскиот свет, во Домот на културата ќе можат да се гледаат и театарски претстави, уметнички изложби, концерти, а наскоро тука ќе функционира и библиотека со богат библиотечен фонд.

Тој вети дека во наредниот период слични културни содржини ќе се овозможат и во Домот на култура во Драчево, кој исто така беше обновен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот