Жител на струмичко загина палејќи стрниште

Фото: илустрација

Вчера околу 15:00 часот во атарот на струмичкото село Мокриево починал Ј.М. (70) од селото.

Според СВР Струмица, било утврдено дека тој претходно излегол да го запали стрништето во местото „Ниш Поле“, а откако не се вратил, дома неговата сопруга го пронашла починат во полето, со изгореници на телото.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот