Жител на Миравци заработи кривична пријава за одгледување на марихуана

Марихуана /Фото: Профимедиа

СВР Струмица преку Одделението за внатрешни работи од Гевгелија до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето С.К (24) од гевгелиското село Миравци поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Во текот на јуни и јули годинава, на местото викано „Лаго” во атарот на Миравци, на три локации на растојание од 50 до 60 метри, полициски службеници откриле насади со стебла од растението канабис сатива. По преземените мерки за расчистување и извршениот увид пријавениот С.К на 8 септември во 18 часот и 10 минути било затекнат на лице место.

При претресот во неговата торба биле пронајдени три свежи корени со набрани цветни завршетоци на марихуана како и уште пет стебла од растението канабис сатива.

Претрес бил извршен и во домот на пријавениот, а пронајдените предмети со потврда биле одземени за вештачење. Пријавениот бил лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот