Жестока реторика на пратенички прашања: Илија Димовски наместо прашање, му испрати порака на Заев

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Со жестока реторика започна денешната седница на пратенички прашања. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, наместо да го искористи своето право на прашање од собраниската говорница, говореше само за одговорите на премиерот Зоран Заев во изминатите две години.

– Ова се ваши претпоследни пратенички прашања, бидејќи оваа Влада има уште 25 дена. Одлучив да не поставам прашање – рече Димовски.

Откако седна на своето собраниско столче, Димовски прокоментира „Добро испадна ова“ зборувајќи за тоа што Заев ветил од собраниската говорница, а не исполнил.

Пратеникот од власта, Диме Велковски, посочи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ прави сценарија.

– Што сакате да постигнете? Констатирате, не поставувате прашања, а притоа не дозволувате да се даде одговор. Нема да дозволиме да направите такво сценарио. Вакви приказни за мали деца не ви поминуваат. Дали оваа влада ќе си оди или не, јас ви кажувам дека уште долго ќе си поседите таму – рече Велковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот