Жена прегазена во Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

Клинички центар
Влез во Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Четириесет и седумгодишна жена, вчера вечерта, била прегазена од „тојота корола“ во Скопје, при што била тешко повредена и итно пренесена на скопските клиники.

„На 25.10.2023 во 20.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „11-ти Октомври“ патничко моторно возило „тојота корола“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(33) од Кавадарци, удрило во Л.С.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот