Жаклина Наумовска од СДСМ бара извинување од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека ја клеветеле

Жаклина Наумовска

Жаклина Наумовска, кандидатка за советничка во Советот на Општина Битола и секретар на ОО СДСМ Битола, испрати соопштение до јавноста во кое обвинува функционери на ВМРО-ДПМНЕ дека ја клеветеле и бара извинување.

„Категорично ги демантирам тврдењата на функционери на ВМРО – ДПМНЕ за моја вмешаност во снимката од битолски Баир што вчера ја објави опозицијата партија. Станува збор за уште еден беден и јалов обид за моја лична и дискредитација на мојата политичка партија СДСМ, но и обид за поткопување на целиот изборен процес во Битола и земјава. Барам јавно извинување од пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Влатко Ѓорчев, како и од кандидатот за член на Советот на Општина Битола, Марко Јосифовски за јавно изнесената лага. Јас, Жаклина Наумовска, не сум жената на фамозната снимка. Затоа, согласно Кривичниот законик на Република Северна Македонија барам јавно извинување од споменатите за изречената лага и клевета во јавноста. Во спротивно, ќе ги преземам сите законски мерки за заштита мојот углед и достоинство“, вели Наумовска.

„Снимката, почитувани граѓани, не потсети сите колку мачно и темно беше во времето на режимот кога неовластено се снимаше, се прислушкуваше, се правеа конструкции и подметнувања, се загрозуваа животи и кариери на противниците. Граѓаните нема да дозволат враќање во минатото и уште еднаш силно ќе гo поразат ВМРО – ДПМНЕ и режимските методи нивната политичка битка“, додава таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот