Жаир Болсонаро повторно опериран

Жаир Болсонаро / Фото: Архива

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро поминал успешна операција на абдоминалната хернија во болница во Сао Паоло, соопштено е од неговата канцеларија.

Ова била вкупно четврта операција на Болсонаро, откако беше убоден со нож минатата година, уште додека беше кандидат за претседател, потсетува агенцијата АП.

Како што се пренесува, докторите соопштиле дека хернијата (килата) се развиле во пределот на стомакот, каде Болсонаро бил убоден. Хируршката интервенција траела пет часа, а изведен е ден откако Болсонаро ја предводил прославата за Денот на независноста во Баразил.

Бразилскиот претседател минатата година за време на еден предизборен собир беше убоден во стомак, но мажот кој е обвинет за нападот потоа беше ослободен, откако судот пресудил дека се работи за ментално непресметлива личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот