Зголемени трошоците за изградба на куќа

Градежништво/ Фото: Слободен печат/Архива

Трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од годинава се повисоки за 0,4 отсто отколку во второто тримесечје, додека трошоците за материјали се пониски за 1,8, а трошоците за вработените се повисоки за 4,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба, пак, со третото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,6 отсто, трошоците за материјали се пониски за 2,5, а трошоците за вработените се повисоки за 22,8 отсто.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот