Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Градежници работници / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Во четвртото тримесечје од 2023 година во споредба со третото тримесечје од 2023 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 11,2  процента.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,4 отсто, трошоците за материјали се пониски за 6,4 проценти и трошоците за вработените се повисоки за 29,8 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот