Зголемен бројот на новозаразени во Грција

epa08986329 Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis (2-L) talks with a member of the medical team during his visit to KAT General Hospital to see the new intense care unit (ICU) beds added in the service of the health system in the struggle against the coronavirus Covid-19 pandemic, in Athens, Greece, 04 February 2021. EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на ковид-19, вкупно 2.353, а дополнително се зголеми и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, приклучени на апарати се 422 лица, 16 повеќе од вчера, а регистрирани се уште 23 смртни случаи.

Од денешните 2.353 новозаразени, половина, односно 1.159 случаи се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Минатата седмица, по подолг период беа регистрирани над 2.000 нови случаи, а денешната бројка на новозаразени е иста со податоците од средината на ноември, две седмици по почетокот на карантинот.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина, веќе 19 дена е во строг карантин.

Токму во овој дел од Грција, здравствениот систем е под голем притисок, исполнети се над 90 отсто од капацитетите во болниците, а министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за радиото, „РеалФМ” изрази загриженост за ситуацијата во областа Атика.

За оцена на ситуација во Грција, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа вонреден состанок, а утре наутро Комисијата на епидемиолози ќе се состане за да ја процени епидемиолошката слика во земјата и не е исклучена можноста да бидат воведени дополнителни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот