Зеленски: Војната мора да заврши со ослободување на Крим

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Војната во Украина започна со Крим и мора да заврши со неговото ослободување, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува Би-Би-Си.

Украинскиот претседател зборуваше откако низа експлозии вчера погодија руска воздушна база на полуостровот, при што загина едно лице.

Зеленски не ги спомна експлозиите, но рече: „Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека станува збор за екслозија на муниција во базата. Во меѓувреме, Украина негираше одговорност за експлозиите.

Во одделен развој на настаните, украинските власти соопштија дека 11 лица биле убиени во руските напади во текот на ноќта во централниот регион Дњепропетровск и уште еден во регионот Запорожје на југ.

Крим е меѓународно признат како дел од Украина – но полуостровот на Црното Море беше анектиран од Русија во 2014 година по референдумот што глобалната заедница го смета за нелегитимен. Многу Украинци го гледаат ова како почеток на нивната војна со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот