Зеленски неочекувано се појави на самитот во Молдавија, иако не беше на списокот

Зеленски и Санду во Молдавија / Фото EPA-EFE/DUMITRU DORU

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се појави денеска на самитот на Европската политичка заедница, што се одржува во замокот Мими, во градот Булбоаки во источна Молдавија.

Половина час пред пристигнувањето на гостите, Зеленски неочекувано се појави, бидејќи го немаше на списокот на пристигнувани лидери.

Тој беше пречекан од претседателката на Молдавија, Маја Санду, која е и домаќин на самитот.

Зеленски не даде никакви изјави за медиумите, а потоа Санду и Зеленски отидоа на средба.

Замокот Мими, каде што се одржува самитот, се наоѓа во источна Молдавија, на 20 километри од украинската граница и осум километри од Придњестровје.

Во источна Молдавија ќе пристигнат околу 50 лидери и високи функционери, а ќе бидат заштитени со привремена противвоздушна одбрана за која ќе се грижат британски, француски и романски војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот