Здравко Чолиќ ќе се пензионира на планина: Пејачот гради огромна вила во срцето на Златибор!

здравко чолиќ
Здравко Чолиќ / Фото: Архива

Пејачот Здравко Чолиќ уште еднаш потврди дека е голем работохолик, па освен што се подготвува за концертите во „Комбанк арената“, се шушка дека ќе гради куќа на Златибор.

Како што пренесуваат балканските медиуми, Чола неодамна купил плац на популарната српска планина и решил да изгради вила од 300 метри квадратни во која по напорните настапи ќе ужива со семејството.

„Архитектонскиот план е направен пред неколку дена, а наскоро треба да започне изградбата. Целата внатрешност на куќата ќе биде модерно опремена, додека надворешноста ќе биде етничка за да се вклопи во амбиентот“, открил добро информиран извор.

Имено, Здравко го купил плацот по наговор на пријател, а идејата веднаш му се допаднала затоа што е голем љубител на природата.

70-годишниот пејач се одлучил за оваа локација затоа што секое слободно време го користи на планина, уживајќи на чист воздух и долги прошетки.

Ако работите одат според планот, наскоро ќе започне изградбата на куќата, а самиот финиш се очекува кон средината на летото.

„Инаку, куќата ќе биде на три нивоа и секоја соба ќе има посебна бања. На приземјето ќе има голема дневна соба со трпезарија која целосно ќе биде од дрво и камен, а во план е и голем камин“, открил изворот кој е добро упатен во целата приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот