Заврши состанокот Џонсон – Фон дер Лајен: Ставовите останаа оддалечени, одлука до крајот на викендот

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, го завршија синоќа состанокот во Брисел со порака дека „ставовите останаа оддалечени” и дека „одлуката ќе биде донесена до крајот на викендот”.

„Имаме јасно разбирање за меѓусебните ставови. Тие остануваат далеку едни од други. Договоривме дека тимовите ќе се соберат веднаш и ќе се обидат да ги решат овие суштински прашања”, се нагласува во заедничката изјава на Фон дер Лајен и Џонсон.

Главните преговарачи на двете страни, Мишел Барние и Дејвид Фрост, исто така, присуствуваа на разговорите за договорот за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија во седиштето на ЕК во Брисел.

По состанокот, Фон дер Лајен и Џонсон потврдија дека има „значителни” разлики меѓу двете страни, но тие се согласија дека решението мора да се најде во следните 72 часа, објави лондонски Гардијан.

Според Даунинг стрит, разговорите биле „искрени”, што би значело дека преговарачите биле енергични и без „влакна на нивните јазици”, наведува весникот.

„Двете страни се уште не постигнаа договор и не е јасно дали може да се надминат разликите”, рече извор од Даунинг стрит, додавајќи дека Џонсон не сака да го остави патот кон евентуален договор непрекинат.

Исто така, се наведува дека Џонсон му рекол на претседателот на Европската комисија и главниот преговарач Мишел Барние, дека не може да ги прифати условите во договорот што ќе ја поврзе Велика Британија со правилата на ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека има шанси да се постигне договор, но исто така предупреди дека не очекува утре да има взаемно прифатлив договор.

– Ако Велика Британија има неприфатливи барања, тогаш ќе продолжиме без договор. Едно е сигурно: интегритетот на единствениот пазар мора да се зачува, рече германската канцеларка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот