Заврши седницата на српскиот кризен штаб: Зимскиот распуст останува непроменет, нови мерки за патниците од Јужна Африка

Србија, Кризен штаб / Фото: Архива

На седницата на Кризниот штаб на Србија, одлучено е годинашниот зимски распуст за учениците да почне на 31 декември и да трае до 24 јануари, како што беше претходно планирано, пренесува Данас.рс.

Ја разгледавме и зачестеноста, распространетоста и потенцијалните епидемиолошки компликации кога станува збор за новиот вид на коронавирус. Донесена е одлука за примена на одредени мерки кога станува збор за патници во меѓународниот сообраќај, изјави Дарија Кисиќ Тепвачевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Таа кажа дека мерките се однесуваат за патниците кои доаѓаат од Јужна Африка, Малави, Мозамбик, Боцвана, Лесото, Намибија и Зимбабве.

Сите патници кои доаѓаат од овие земји, иако нема директни летови, но и кога ќе дојдат во транзит, ќе подлежат на мерки на аеродромот – ПЦР тест, доколку се негативни треба да бидат ставени во карантин 14 дена на местото на живеалиште во Србија, а по седум дена им се прави уште еден ПЦР и доколку се позитивни ќе бидат префрлени во соодветната ковид амбуланта или болница, изјави Кисиќ Тепавчевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот