Затворски казни за „демначите“, Маричиќ очекува да се стави крај на случаите како „Јавна соба“

Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

Според предложените измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, новинарите ќе плаќаат максимални 400 евра отштета за клевета и навреда по изгубен судски спор, за разлика од досегашното решение, каде оваа сума изнесуваше 2 000 евра, соопшти министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Се намалуваат и казните за уредниците и правните лица па така надоместокот на штета за уредниците немa да биде поголем од 2 000 евра, а за правното лице, од 15 000 евра, износот се намалува на максимални 5 000 евра отштета

-Со овие измени се става крај на можноста за насилствата врз новинарите и праксата кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудувани на живот во постојан страв од политичката и институционалната одмазда поради професионалното извршување на својата работа, рече Маричиќ.

Воедно со измените на законот што ги предлага министерството за правда се воведува ново дело наречено „демнење“, за кое ќе се предвидува парична или казна затвор до три години.

– Очекувам на ваков начин да се стави крај на случаите како што беше Јавна соба, каде беа споделувани експлицитни фотографии од млади девојки и жени. Тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин ќе се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички ќе го злоставува, вознемирува или застрашува ќе се казни парично а може и да добие затворска казна до 3 години, рече министерот на денешниот брифинг со новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот