Маричиќ: Се воведува кривично дело „демнење“, со кое се предвидува и парична казна до три години затвор

Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

За вознемирувањето и заплашувањето преку Фејсбук, Твитер, Телеграм и другите социјални мрежи ќе се одговара кривично со воведување ново дело наречено Демнење, за кое ќе се предвидува парична или казна затвор до три години, соопшти Министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој очекува на ваков начин да се стави крај на случаите како Јавна соба, каде беа споделувани експлицитни фотографии од девојки..

Тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин ќе се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички ќе го злоставува, вознемирува или застрашува ќе се казни парично а може и да добие затворска казна до 3 години. Со ваквото дело се утврдува како се постапува кога некој и преку интернет заплашува или настојува да оствари несакан контакт со друго лице, вели Бојан Маричиќ – министер за правда.

Измените во кривичниот законик што ги предлага министерството предвидуваат и нападот врз новинар да се смета како напад врз службено лице. На овој начин вели Маричиќ, ќе се зголеми безбедноста на медиумските работници а обвинителството ќе треба да гони по службена должност.

-Со овие измени ставаме крај на можноста за едни минати пракси на неказнивост за насилствата врз новинарите. Пракси кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудувани на живот во постојан страв од политичката и институционалната одмазда поради професионалното извршување на својата работа, вели Бојан Маричиќ – Министер за правда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот