Зариф: Европејците не ги исполнија обврските од договорот

Европејците не успеаја целосно да ги исполнат своите обврски кон иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мoхамед Џавад Зариф, како одговор на предупредувањето од Унијата, која побара од Техеран да се придржува кон договорот или ќе има последици.

– Целосно исполнување на обврските. Навистина? Ајде покажете една што вие сте ја исполниле во последните 18 месеци. Иран го придвижи механизмот за решавање на спорови, а вие одолговлекувавте. Ние сега се повикуваме на членот 36- напиша Зариф на Твитер.

Иран наведува дека според членот 36 од договорот му се овозможува да ги намали своите обврски, бидејќи останатите потписнички не се придржуваат. ЕУ тоа го оспорува.

Некои ирански претставници предупредија дека евентуално ново воведување санкции од страна на ЕУ и ОН, за Иран ќе претставува црвена линија која може да доведе до пропаст на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот