Заради зголемување на тензиите во Венецуела, САД испраќаат медицински брод

EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Во екот на политичките тензии со Венецуела, САД планираат да испратат воен медицински брод во регионот, што е последен знак за вмешаноста на Пентагон во политичката криза во таа земја, велат неименувани американски официјални претставници.

Се наведува дека САД денеска планираат да го објават можното заминување на бродот во водите на Венецуела и дека се уште не е одредено, кои земји во регионот ќе ги посети американскиот медицински брод. Минатата година американски санитетски брод  „УСНС Комфорт” се грижеше за бегалците од Венецуела и други, додека застануваше во Колумбија, Перу, Еквадор и Хондурас.

Јужната команда на американската војска, која ги надгледува американските единици во Латинска Америка, не го коментираше учеството на воен медицински брод во тој регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот