Започната истрага за несреќата на магистралниот пат Градско – Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Кавадарци врши увид на магистралниот пат Градско-Прилеп каде утринава се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени.

„Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки. Во несреќата загинал еден од патниците во „голфот“, додека еден е тешко, а друг полесно повреден. Со полесни повреди се здобиле и тројцата патници во џипот. Сообраќајот на патниот правец е запрен до целосно завршување на увидот.

По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а земени се примероци за испитување на присуство на алкохол во крв и урина на возачите на двата автомобили. Со цел утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за сообраќајно-техничко вештачење“ извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот