• магистралниот пат

Двајца повредени во сообраќајка кај Охрид

Вчера во 8.25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај селото Подмоље, возило „мерцедес“ управувано од Т.Р.(29) од Охрид, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки повреди се здобил сопатникот С.Л.(22) од Скопје, а со полесни повреди се здобил возачот. На местото на сообраќајката бил извршен увид од СВР Охрид.