Дете и маж повредени во сообраќајка

Фото: Илустрација

Две лица, од кои едно малолетно, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Ново Село.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(55) од село Доброште и „пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Ж.(23) од село Велешта.

Во незгодата Ф.Д. и малолетен сопатник од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот