Еден повреден во сообраќајка на магистралниот пат кон Кичево

Фото: Илустрација

Незгодата се случила на крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево со локалниот пат за село Зајас.

На крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево со локалниот пат за село Зајас, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ управуванo од Р.Ј.(51) од кичевското село Колари и мотоцикл „гланз“, управуван од А.И.(31) од Зајас. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево.

Видео на денот