ЗАПОЧНА ПРОТЕСТОТ ПРЕД РТС: Опозицијата ги блокираше трите влеза во зградата на српскиот јавен сервис

Фото: Твитер/Партија за слобода и правда

Со звуци на сирени пред зградата на јавниот телевизиски сервис (РТС), во Белград започна протестниот собир во организација на опозициската Сојуз за Србија (СзС). Откако појаснија зошто се собрале на ова место, претставниците на СзС се распоредија пред сите три влеза на РТС, пренесува „Блиц.рс“.

Во овој момент, таму се наоѓаат претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас, претседателот на Народната партија Вук Јеремиќ и повеќе други претставници на српската опозиција, како и граѓаните кои дојдоа да ги поддржат.

Како што наведуваат од РТС, пренесувајќи ги зборовите на началникот на Полициската управа за град Белград Милан Станиќ, собирот на СзС не е уредно пријавен.

Исто така, јавниот сервис наведува дека организаторите на блокадата делат летоци со пораката „РТС ја блокира вистината, ние ја блокираме РТС“, дека РТС се должни да ја „отворат вратата за вистината за бројните афери во земјата.

На собраните луѓе, лидерот на Народната партија Вук Јеремиќ им рече дека причината поради која СзС се состанале на ова место е мирен протест за предупредување, поради тоа што во „претходните осум години по нашето уверување РТС не ја работи својата работа“.

– Не ја информираат јавноста за тоа што се случува во земјата. Поради тоа сме овде и ќе бидеме на ова место осум часа – рече Јеремиќ.

Тој додаде дека СзС апелираат на РТС професионално да си ја вршата својата работа. Наведува и дека РТС зборувале за „заложничка криза“ и истакнува дека нема да има никаква криза се додека надлежните не ги испратат своите „тепачи“.
– Се ќе биде потполно мирно. Овде нема драма. Ако нема провокации, ќе си одиме во 20 часот и нема да има конфликти, тензии, нема да се обидеме да влеземе во РТС – констатира Јеремиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот