Запален еден од реквизитите на новото детско игралиште во Ченто

Новото детско игралиште лоцирано на улицата Сава Михајлов во Ченто е вандализирано само еден месец откако неше направено – запален е еден од реквизитите.

Апелирам до родителите и младите за поголема грижа на она што општината го инвестира за урбанизација на просторот во Месните и Урбаните заедници. Изминатиот период сведоци сме на голем број девијантни однесувања во кои се уништува она што се гради! Општината не може да изгради толку, колку што несовесните граѓани можат да уништат! – реагира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот